Денес секојдневието е преполно со зборови. Сакајќи или не, многумина од нас се соочуваат со груби и остри зборови. Обичниот физички удар не остава толку длабока трага, колку што тоа може да го направи една реченица кажана во бес или омраза.
Мирослав Мика Антиќ бил српски поет. Пред да стане познат се занимавал со разни работи – бил морнар, работел во куклен театар.
Освен со пишување, Мика Антиќ се занимавал и со филм, новинарство и сликарство. Исто така бил и уредник на весниците „Ritam“ и „Dnevnik“ во Белград и „Mlado pokolenje“ во Нови Сад. Неговите најзначајни дела се: „Plavi čuperak“, „Horoskop“, „Prva ljubav“, „Plava Zvezda“, „Garavi sokak“.

Погледнете некои од најинтересните изреки на еден од најголемите српски поети:
1. „Најубаво чудо на светот, приближи се до мене и молчи.“
2. „Својата сила ќе ја препознаеш по тоа колку си способен да ја издржиш осаменоста.“
3. „Малку беше. А сепак, кога ќе погледнеш: доволно е сè она што го рековме и што го премолчевме.“
4. „Ако сега не си ти, никогаш нема ни да бидеш. Не е сè во своето време, туку сè е во твоето време.“
5. „Не сонуваме сите исто и тоа никому не му пречи. А зошто на сите им пречиме кога сме поинаку будни?“
6. „Што ќе му се на светот народи, ако постојат луѓе?“
7. „Дали си моето најмое? Јас сум твоето, најтвое!“
8. „Не кради ми се себеси од мене, глупаво будало.“
9. „Не се плашам од заби, забите се помеки од усните. Забите касаат за миг, а усните за цел живот.“
10. „Третиот пат кога ќе се вљубиш, избриши ги претходните два. Нека третата биде прва. Нека петтата биде прва. Нека стотата биде прва, ако се дише чесно. Кога љубовта ја броиш до еден, тогаш ја има најмногу!“

11. „Стварноста е пореална ако ѝ додадеш нешто нереално.“
12. „Луѓето се почитуваат со зборови, а се сакаат со молчење.“
13. „Нема на светот две исти среди, два исти вторници, исти петоци. Сите нови љубови вредат поинаку, се живее секојпат од почеток.“
14. „Не чувствував дека посегнувам по туѓо ни кога те видов првпат и те посакав. Отсекогаш си била моја повеќе отколку што јас сум свој, и повеќе отколку што си и самата своја.“
15. „За мене најубаво се грижат оние што ме оставаат на мир.“












