[ВИДЕО] По 12 часа возење, пристигнале во хотелот и сфатиле каква огромна грешка направиле

Точка

03/03/2026

15:26

1.006

Големина на фонт

а а а

Долго очекуваното патување од соништата за еден пар се претвори во непријатна несреќа – по 12 часа возење стигнале во хотелот и сфатиле дека резервацијата е направена за погрешен месец.

Целата ситуација ја документирале во ТикТок видео кое стана вирално.

Момчето резервирало хотел за погрешен месец

Видеото го објави корисничката Кармен Ванеса (@carmenvanesa_), а досега собра повеќе од 170.000 прегледи. На снимката се гледа моментот по 12 часа патување – девојката седи пред хотелот, додека нејзиното момче се движи во близина и разговара на мобилен, очигледно обидувајќи се да го реши проблемот.

Текстот на снимката објаснува што се случило: „Кога ќе стигнеш во хотелот по 12-часовно патување, а твоето момче ти резервирало хотел за погрешен месец“. Во описот на видеото, Ванеса додала: „Изгледа дека во хотелот од соништата ќе одам дури следната година“.


Подоцна, во коментарите, таа напишала дека сепак успеале да најдат алтернативно сместување, но по значително повисока цена. „Најдовме нешто, но беше повеќе од двојно поскапо од она што го плативме“, напишала таа.

Реакции на социјалните мрежи

Коментарите брзо се заредиле, а многумина споделиле совети и свои приказни за патни промашувања. „Причина за моментално раскинување“, порача една корисничка, а друга додаде: „Затоа резервациите ги проверуваме двапати – и тоа заедно“. Некои се обидоа да ја најдат светлата страна: „Гледајте го тоа од светлата страна, можете пак да одите“.

Многумина се препознаа во ситуацијата. „Тоа би била јас“, напиша една корисничка. Се јави и лице со слично искуство: „Јас го направив тоа. Сопругата се закани со развод. Најдовме подобар хотел по пониска цена. Сѐ уште сме во брак“.

Друга, пак, опиша особено стресно сценарио: „Мојот сопруг го направи тоа минатата година на Ко Пханган во Тајланд за време на фестивалот на полна месечина и сè беше преполно. Со нас беа мојата 80-годишна мајка и чичко“. „Мојот резервираше хотел со исто име, но во друга држава од онаа во која патувавме“, додала трета.