[ФОТО/ВИДЕО] „Јас сум навистина среќен човек…“ Трогателен говор на холивудскиот актер во кој посебно место ѝ припадна на неговата 22 години помлада сопруга

Точка

02/03/2026

17:09

616

Големина на фонт

а а а

Легендарниот Харисон Форд (83) вчера освои уште едно престижно признание. На церемонијата на доделување на наградите „Actor Awards“, на славниот актер му беше врачена наградата на Здружението на филмските актери (САГ) за животно дело, што Форд го доживеа многу емотивно.

Холивудскиот ветеран, кого го обожававме во бројни улоги, меѓу кои најпознати се Индијана Џонс и Хан Соло, ја прими наградата од својот драг колега Вуди Харелсон, по што одржа незаборавен говор.

Трогателна благодарност и скромност на Харисон Форд

„Понекогаш создаваме забава, а понекогаш уметност. Понекогаш имаме среќа да ги создадеме и двете во исто време, а ако навистина имаме среќа, можеме и да заработуваме за живот од тоа“ истакна Форд.

Актерот додаде дека успехот во Холивуд им носи на уметниците слобода и одговорност да ги поддржат другите и да им помогнат, да ги отворат вратите за „следното дете, изгубеното момче кое бара место на кое ќе припаѓа“.

„Јас сум навистина среќен човек. Среќен сум што ги пронајдов своите луѓе, што имам работа што ме предизвикува, а среќен сум и што сè уште ја работам. Тоа не го земам здраво за готово“ нагласи Форд и на шега додаде дека другите добиваат САГ награди затоа што се номинирани за нови филмови, а тој „затоа што сè уште е жив“.

Тој низ солзи потсети дека успехот не му дошол преку ноќ.


„Се мачев околу 15 години, одев од актерска работа на столарство, па повторно на глума, сè додека конечно не добив улога во лудо успешен филм. Ништо од ова не се случи само од себе“ нагласи тој.

Посебна благодарност до Калиста Флокхарт

Форд не ја пропушти можноста да ѝ се заблагодари и на својата сопруга Калиста Флокхарт, која е покрај него изминативе децении.


„Сакам искрено да им се заблагодарам на моите колеги, како и на мојата извонредна, прекрасна сопруга Калиста и на нашето семејство, кое ми дава љубов и храброст низ сето ова“ изјави актерот и му се заблагодари на Здружението на филмските актери што му ја додели наградата за животно дело. „Ова е навистина охрабрувачки“ додаде Форд.

Љубовта на Харисон Форд и Калиста Флокхарт го издржа тестот на времето

Легендарниот актер и Флокхарт, која го освои светот со улогата на адвокатката Али Мекбил пред речиси три децении, се во брак од 2010 година. Во тој момент парот веќе беше заедно осум години, а Форд ја запознал 22 години помладата актерка по два брака и бројни пократки и подолги врски.

Во тоа време Форд веќе имал четири деца, а по венчавката со Калиста го посвоил Лиам, синот кого актерката го посвоила уште пред тие да се запознаат.


Тие веќе со години живеат во Брентвуд, во Лос Анџелес, а често уживаат и на пространиот ранч во Вајоминг, од кој Форд половина донирал како природен резерват.

Иако разликата во години меѓу нив е значителна, Калиста претходно истакнала дека таа воопшто не ја забележува.

„Понекогаш дури и велам: „Вау, постојано заборавам дека тој е постар од мене 22 години“ изјавила актерката во едно интервју пред неколку години.