Поранешниот македонски ракометен репрезентативец и актуелен член на РК Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков (33), стана татко. Неговата сопруга Билјана се породи на 1 март и на свет донесе син, кој го доби името Давид.
Радосната вест во јавноста ја сподели пејачката Тамара Тодевска, на која Дејан ѝ е кум. Таа на својот Инстаграм профил напиша: „Добредојде на овој свет Давид. Честито Дејан и Билјана“, со што прва ја соопшти убавата вест.

Инаку името Давид има еврејско потекло и се толкува како „возљубен“, а воедно е едно од најчестите библиски имиња со силна симболика.
Да потсетиме, Манасков и Билјана Стојановска, која работи во маркетинг секторот во телевизија Канал 5, направија свадба на 31 јануари годинава. Двојката најпрво се венчаше во црквата Рождество на Пресвета Богородица, по што следуваше свадбена прослава во позната винарија во Скопје.

На свадбената веселба присуствуваа бројни ракометари и блиски пријатели, меѓу кои и кумот Гоце Ојлески, долгогодишен соиграч и пријател на Манасков.
Со раѓањето на Давид, брачниот пар го започна новото животно поглавје само два месеца по свадбената церемонија.


















