Енрике за ривалите на ПСЖ во осминафиналето: Не зависи од мене, ако го добиеме…

Дерби

26/02/2026

13:20

205

Големина на фонт

а а а

Пари Сен Жермен не блескаше во двомечот со Монако, ама ја оствари целта и успеа да избори пласман во втората нокаут рунда во Лигата на шампионите.

„Светците“ направија голем пресврт во првиот меч и го добија со 3-2, додека вчера исто така губеа, го свртеа резултатот за да во 90+ минута дозволат противникот да израмни со играч помалку и непоразен да го напушти „Паркот на принцовите“.

- Го заслуживме овој пласман, но беше тешко бидејќи за мене резултатот беше комплициран, беше тежок натпревар. Има моменти кога губите прецизност и тешко е да се врати нивото. Мора да бидеме задоволни од она што го направивме, од надминувањето на овој тежок момент. Она што можам да го кажам е дека ако има еден тим во Лигата на шампионите што играл против најтешката група, тоа сме ние. Навикнати сме да играме против кој било тим.

- Секако, сакаме да се подобриме, но се соочивме со противник од многу високо ниво. Челзи или Барса би биле тешки, но ако има еден тим што е подготвен, тоа сме ние. Мора да продолжиме да го правиме истото, подготвени сме да играме против кој било тим, во кое било натпреварување. Ова е посебна сезона, имавме многу повредени играчи. Тоа не е изговор, но важно е да го имаме целиот состав на располагање. Остануваат уште три месеци натпреварување, а ние имаме ист менталитет да излеземе и да победиме, - рече Лучо и додаде:

- Ниту една од двете опции нема да биде лесна. Бидејќи не зависи од мене, ќе се прилагодам на што и да се случи. Тие се два неверојатни тима. Барса е многу посебна за мене и веќе станува класика за мене. Како Манчестер Сити и Реал Мадрид. Барселона е уникатен град, а клубот е посебен. Ако го добиеме Челси, ќе имаме неколку работи на кои треба да работиме, - заврши Шпанецот.