Гати: Црвениот картон на Кели е апсурден…

Дерби

26/02/2026

14:58

163

Големина на фонт

а а а

Јувентус беше на чекор да направи сензација во реваншот со Галатасарај во Лигата на шампионите, меч на кој даде два гола со играч помалку и се избори за продолженија во кои Жегрова не реализираше зицер за 4-0 по што во продолжението стигна казната, гостите од Истанбул дојдоа до 3-2 што беше повеќе од доволно да се обезбеди место во наредната фаза.

Калчолигашот покажа карактер, нешто што му недостасуваше во изминатиов период, а домаќините имаа и забелешки за црвениот картон што го заработи дефанзивецот Кели.

- Проблемот е што го отфрливме пласманот во првиот натпревар, но вечерва беше извонреден настап. Црвениот картон за Кели ми изгледа апсурден, ние дефанзивците сме премногу казнети од овие правила. Реакцијата беше неверојатна, навивачите навистина ни помогнаа, но бевме исцрпени во продолженијата. Го вративме натпреварот на вистинскиот пат со 10 играчи, но сè го фрливме во вода во првиот натпревар.

- Многу е разочарувачки, бидејќи квалификацијата е на крајот единственото нешто што се брои, а не го добивме резултатот што ни беше потребен. Сепак, тоа беше огромен настап. Многу сум исцрпен. Се враќав од повреда и сè уште не сум 100 проценти подготвен, но колку повеќе играм, толку подобар ќе станувам, - порача Федерико Гати.

Сега на „бјанконерите“ им останува само да се фокусираат на домашните обврски и бидат во топ 4 и со тоа дојдат до билет за ЛШ.