Локатели: Ми се плаче, оставивме срце и душа…

Дерби

26/02/2026

13:18

161

Големина на фонт

а а а

Екипата на Јувентус на драматичен начин остана без пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите или поточно во таа фаза оди составот на Галатасарај кој комплетно беше надигран во Торино.

„Старата дама“ играше со играч помалку од 48 минута, но успеа до крајот на регуларниот дел да даде уште два гола и дојде до триумф од 3-0 со кој го однесе натпреварот во дополнителни 30 минути во кои Жегрова промаши чист зицер за 4-0 за да потоа стигне казната преку Осимен и Јилмаз за 3-2, резултат кој го одведе турскоот прволигаш во наредната фаза.

- Искрено, ми се плаче, искрено верувавме. Вложивме срце и душа во овој натпревар, дури и повеќе од тоа. Еден инцидент направи да биде покомплицирано уште во првиот натпревар, но денес сакам да им се заблагодарам на сите од дното на моето срце. Атмосферата на стадионот беше неверојатна, ова се ноќи што остануваат со вас. Ја впивме енергијата што ни беше потребна од нив.

- Го дадовме нашето срце и душа. Секогаш ги молам играчите да го прават тоа, и вечерва навистина го направивме, па затоа ова е она што треба да го носиме со нас во иднина. Ова е Јувентус што сакавме да го видиме и оној што секогаш мора да бидеме. Секогаш треба да се обидуваме да играме на ова ниво. На вистинскиот пат сме и не смееме да ја изгубиме таа верба.

- Мислам дека можеме само да им дадеме пофалби на играчите вечерва за нивниот труд, грешките можат да се случат. Сега имаме уште еден важен натпревар против Рома и мора да се фокусираме на тоа, - порача Мануел Локатели.