Ноне Неделковска ѝ стана позната на јавноста со учеството во „Музички идол“ каде го освои второто место. Таа во својата кариера имаше големи музички хитови, а иако веќе долги години не се занимава со музика, сè уште има верни следбеници со кои споделува фотографии од своите патувања.
Македонската „џебна Венера“, како што многумина ја нарекуваат, повеќе од една деценија работи на крузери и патува низ светот. Таа минатата година, кога објави фотографии од својот 39-ти роденден, напиша дека посетила 75 земји и дека работата на крузери е нејзината најдобра животна одлука.
Неодамна таа сподели фотографии од Кушадаси каде што покажа како вежба во теретана, па и на прагот на петтата деценија мами воздишки со своите објави.


Секогаш кога Ноне ќе сподели некоја нова фотографија или видео од своето секојдневие добива бројни коментари на сметка на својот природен изглед, а многумина се согласуваат дека поранешната пејачка никогаш не изгледала поубаво.
Во продолжение, неколку фотографии кои се вистински доказ за тоа:










