[ВИДЕО] „Ми беше еден од најблиските луѓе во животот и уште го негувам тоа чувство“: Теа Трајковска си ја отвори душата за односот со Панчо

Точка

25/02/2026

11:00

656

Големина на фонт

а а а

Поп-пејачката Теа Трајковска која низ годините беше многу блиска со Владимир Блажев - Панчо, раскажа емотивна приказна поврзана за тоа.

Трајковска гостуваше во поткастот „Естраден лексикон“ кај Марио Арангеловски, а водителот ја праша дали меѓу неа и Панчо имало повеќе од пријателство.


„Многу работи се шпекулираа за вашиот однос. Дали имаше тука нешто некогаш повеќе од пријателство или само бевте соработници и пријатели?“, праша водителот, а на ова пејачката одговори:

✨ „Па, нормално е да се шпекулира за јавни личности, според мене. Јас сум слушала многу работи за себе и не само ова конкретно. Знаеш како? Да ме прашаше ова, пример, лани и да си беше сѐ океј, можеби ќе одговорев на прашањево. Вака некако ми нема ни смисла. Панчо ми беше фамилија, еден од најблиските луѓе во животот и уште го негувам тоа чувство дека ми е еден од најблиските луѓе во животот, иако тој не е тука веќе со нас“, изјави пејачката.


✨ „Од средина на март до ноември мене ми е сѐ во магла. Многу тешко ја преживеав целата ситуација. Прво беше огромен шок за мене и многу време ми требаше да се вратам во ритам, дури да имам волја за работа. Имав неколку настапи лани кои беа договорени претходно, што многу тешко ги изработив. Еден од тие настапи беше летово, денот кога имав многу лоши информации за состојбата на Панчо. Јас требаше вечерта да излезам да пеам пред преполн клуб. Знаеш колку е тешко кога ти поминуваш низ некои твои лични ситуации кои мора да ги заборавиш кога ќе излезеш на сцена?“, сподели Трајковска, која беше добра пријателка со Панчо и со Андреј од ДНК и снимаше дуети со нив.

🎬 Целиот поткаст погледнете го во продолжение: