Македонските танчери од „Dancers United“ со огромен успех на „Italy World Cup 2026“

Точка

25/02/2026

14:55

152

Големина на фонт

а а а

Дваесет и три танчери од клубот „Dancers United“ од Скопје учествуваа на престижниот меѓународен натпревар „Italy World Cup 2026“, кој се одржа во Legnano, Италија, под покровителство на „World Artistic Dance Federation“ (WADF).

Светскиот куп во латино-американски танци собира натпреварувачи од различни земји, а присуството на македонски претставници претставува значаен успех за домашната танцова сцена.

Клубот „Dancers United“ ја претстави Македонија со висок степен на професионалност и посветеност. Настапите на младите танчери беа проследени со позитивни реакции, и претставуваат потврда за континуираната работа и развој на клубот.

Резултатите покажаа извонредни достигнувања: Македонските натпреварувачи освоија 8 први места и 9 втори места во различни категории.


Учеството на „Italy World Cup 2026“ е уште еден чекор кон меѓународна афирмација на македонските танчери и доказ дека домашниот танцов потенцијал успешно се носи со светската конкуренција.