Поранешниот кошарката и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, перо Антиќ, искрено проговорил за односот со своите тројца синови – Лука, Павел и Петар.
Тој во емисијата „Нешто конкретно“ каде гостувала и неговата сегашна девојка Сања Ристиќ, говорел за поддршката која им ја дава на синовите во нивните одлуки, но и искрените забелешки кои не изостануваат.
✨„Имам три сина. Најстариот е Лука, тој на 19 години се пензионираше од кошарката. Си се гледа во друг свет и ја има мојата поддршка во сè. Павел е средниот и тој е исто така во кошарката. Петар е најмалиот, тој е фудбалер. Јас се шегувам: ‘Синко, од овој човек не излегува фудбалер’, но тој игра совршено и јас обожавам да одам на натпревари. На судија му викам, јас сум си гледач, имам право, ми е гајле. Децата не сакаат да одам на натпревари, тие се сега големи и ми велат: ‘Немој да ме гушкаш’“, изјавил Антиќ.
✨„Јас сум секогаш тука за нив. Секогаш ги поддржувам, меѓутоа сум и доста гласен на трибините. И сега, Павел и Лука се веќе големи, па знаат да ми кажат: ‘Тато, те молам, немој да викаш, срамота е’.
Интересно беше за време на короната кога беа затворени салите и не пуштаа публика. Му викам на Павел: ‘Јас ќе дојдам на утакмица’. Ми вика: ‘Како ќе дојдеш, кога е забрането за публика?’. Му велам: ‘Јас имам договор со Министерството за здравство, само јас смеам да бидам во сала’. Ме гледаше зачудено, не му беше јасно.

Мојот став е дека на детето треба да му се каже кога не чини нешто. Не може само да го тапкаш по рамо и да му викаш ‘супер си’. Треба да му кажеш каде згрешил, за да може да напредува, ама тоа да биде преку разговор, а не да го ‘убиеш’ во поим“, додаде тој.
Инаку, љубовната приказна на Антиќ и Сања започнала во јули 2023 година. Се запознале случајно во кафуле кога таа била излезена со другарките. Тој ѝ подал рака и си заминал, а по некое време повторно се сретнале и постепено ја продлабочиле нивната комуникација која подоцна прераснала во хармонична врска.
🎬 Погледнете ја целата емисија „Нешто конкретно“:








