Карагер го избра најдобриот голман во историјата на Премиер лигата: Тој ја има и најдобрата одбрана што сум ја видел во животот

Дерби

25/02/2026

10:58

237

Големина на фонт

а а а

Џејми Карагер ги бираше десетте најдобри голмани во историјата на Премиер лигата, а од студиото на „Скај Спортс“, достави интересна листа која веднаш подлегна на доста коментари во јавноста.

Легендарниот голман на Ливерпул се обиде да не биде пристрасен кога ја составуваше листата, па иако Алисон Бекер го смести на високото трето место, сепак нагласи дека тој не е најдобар кој го видел во англиската елита.

Според Карагер, на прво место е Петр Чех кој со години беше незаменлив и извонреден на голот на Челси, а реши и да му даде предност пред легендата на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел.

– Моето мислење се темели на тоа што сум го гледал. Можеби ова е така поради тоа што многу често играв против Чех, имавме многу дуели. Исто така, тој ја има најдобрата одбрана што ја имам видено во животот, онаа во ФА куп финалето во 2012-та година, – изјави Карагер.

Покрај водечката тројка составена од Чех, Шмајхел и Алисон, Џејми бираше и топ десет, а во неговата листа се најдоа уште Де Хеа, Куртоа, Ван дер Сар, Едерсон, Саутал, Симан и Реина.