Судискиот комитет призна дека Барселона била сериозно оштетена во каталонското дерби

Дерби

25/02/2026

10:44

187

Големина на фонт

а а а

Барселона го загуби првото место на табелата по поразот кој го претрпе во каталонското дерби од Џирона, но една седмица подоцна се врати на врвот благодарение на услугата која ја доби од Осасуна.

Тимот од Памплона го победи Реал Мадрид и им овозможи на каталонците да се вратат на врвот со победа над Леванте, па иако јавноста веќе подзаборави на инцидентот кој го одлучи градското дерби меѓу Џирона и Барса, судискиот комитет сега се јави со соопштение со кое ја призна грешката на луѓето во ВАР.

Џирона победи со гол во самата завршница кој беше дело на Белтран, но во акцијата во која беше постигнат гол, Жил Кунде беше очигледно фаулиран од Ечевери.

Судијата Сото Градо не го евидентираше инцидентот и остави играта да продолжи, па иако неговиот превид може да се разбере, судискиот комитет ја нагласува големата грешка која ја донел одговорниот судија во ВАР собата.

– Според членот 12 од судискиот записник, недоговорно удирање и нагазнување претставува прекршок и активира прекин на играта. Иако стануваше збор за борба за топка, прекршокот е очигледен. Кога еден играч ќе нагазне противник со одреден интензитет, мора да има санкција. Кунде беше елиминиран од акцијата со прекршок и требаше да има реакција од ВАР поради очигледна и јасна грешка. Голот требаше да биде поништен, – се вели во соопштенито на судискиот комитет, во кое се нагласува дека Сото Градо минува без казна, но најави суспензија за Галвез Раскон кој беше одговорен во ВАР на споменатото каталонско дерби кое заврши со резултат 2:1.