Актерката Џесика Алба неодамна и официјално се разведе од Кеш Ворен, со кого има три деца, иако уште претходно се дозна дека парот повеќе не е заедно.
Набргу потоа, актерката стана главна тема на социјалните мрежи, а во меѓувреме си најде и ново момче – Дени Рамирез.
Со него отпатувала и на романтичен викенд за Денот на вљубените па споделила неколку кадри. На една фотографија Рамирез ја прегрнува актерката, додека на друга држи картичка со црвено срце.


Уште една фотографија од патувањето ја прикажува Алба како позира пред огледало во црно-бело бикини со врвки.
Џесика веќе извесно време на секој настан се појавува со симпатичниот Рамирез, а покрај тоа, нејзините фотографии во бикини се неверојатни. Многумина заборавиле дека актерката е во петтата деценија од животот. Минатата недела, 44-годишната Алба повторно го привлекла вниманието додека престојувала на плажа во Мајами, а нејзиното згодно тело повторно станало главна тема.
Алба на 13 февруари и официјално го финализирала разводот од Кеш Ворен (47), откако барањето за развод го поднела во јануари 2025 година, по 17 години брак. Поранешниот пар има три деца — Онор (17), Хејвен (14) и Хејс (8).

По разделбата, Алба беше поврзувана со Рамирез откако во мај 2025 година биле забележани како се бакнуваат за време на дневна прошетка во лондонски парк.








