Арбелоа за незгодниот пораз од Осасуна: Можеме многу подобро од ова

Дерби

22/02/2026

11:52

179

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид не успеа да наметне доминација на теренот на дуелот со Осасуна и на крајот доживеа неочекуван пораз со гол постигнат во самиот финиш, а изданието на „Ел Садар“ донесе критики од фановите, но и тренерот Алваро Арбелоа.

Тимот од Памплона му ја прекина серијата од пет победи по ред во Ла Лига, а Реал може да ја загуби и лидерската позиција ако Барселона го победи Леванте.

По натпреварот, Арбелоа истакнал дека очекува многу повеќе од своите фудбалери од она што го видел против Осасуна.

– Ова не беше добар натпревар за нас.

– Можеме повеќе, можеме да играме многу подобро. Не е лесно да се игра на неколку дена, но тоа е реалноста, а и знаевме дека може да биде тешко да играме на овој терен.

– Никој не сака да загуби, но сезоната е долга и има уште многу да се игра. Мора да играме побрзо и побрзо да ја движиме топката, не ги користевме крилата и му овозможивме на противникот полесно да се брани, – рекол Арбелоа.