[ФОТО] Четири запросувања на ЗОИ 2026, но светот зборува само за едното: Хокеарка и лизгачка ќе застанат на „лудиот“ камен

Точка

21/02/2026

17:00

409

Големина на фонт

а а а

До затворањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина остана уште само еден ден, а во изминатиот период за време на ова големо натпреварување се случија дури четири запросувања.

Иако е многу тешко да се надмине рекордот од седум запросувања на Олимписките игри во Париз пред две години, спортистите на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина не губат време.

Покрај големиот интерес за самите спортски случувања, Зимските олимписки игри привлекоа внимание и поради други, споредни настани. Видовме прекрасни костими, згодни лизгачи и лизгачки, но и интересни парови кои се свршија токму за време на ЗОИ.

Бризи Џонсон


Бризи Џонсон му кажа „да“ на својот избраник Конор Воткинс и тоа веднаш откако освои злато за својата репрезентација во скијање.

Катарина Коцар

Украинската скијачка доби изненадување токму за Денот на вљубените. Веднаш откако стана првата Украинка која се пласирала во финалето на дисциплината „Биг Ер“, доби и прстен.

Оливија Смарт и Жан-Лик Бејкер

Поранешните ривали на мразот, а денес вљубен пар и официјално се свршија. Жан-Лик ја запроси Оливија на улиците на Милано, и тоа на Денот на вљубените – денот кога им е и годишнината.


Нивната врска започна во 2022 година, за време на Олимписките игри во Пекинг.

Британи Боу и Хилари Најт

Американската хокеарка Хилари ја запроси својата долгогодишна девојка, лизгачката Британи Боу.


И двете ја започнаа својата врска за време на Олимписките игри во Пекинг, а сега во Италија ја официјализираа со свршувачка.

Останува да видиме дали можеби уште некој пар ќе го изговори судбоносното „да“.