[ФОТО] Поставен последниот дел од централната кула на Саграда Фамилија во Барселона

Точка

21/02/2026

13:04

901

Големина на фонт

а а а

Последниот дел од централната кула на катедралата Саграда Фамилија во Барселона денес беше поставен на своето место, со што градбата ја достигна својата конечна максимална висина, 144 години по почетокот на изградбата, пренесува „Гардијан“.

Горниот дел од 17 метри високиот четиристраен челично-стаклен крст денес беше подигнат на своето место, со што е завршена кулата посветена на Исус Христос.


Главниот архитект на проектот Жорди Фаули изјави дека денес е „радосен ден, прекрасен за сите луѓе кои го овозможија тоа“, додека биле подигнати каталонското и ватиканското знаме.


Саграда Фамилија, на чија изградба каталонскиот архитект Антони Гауди го посветил својот живот, со висина од 172,5 метри е највисоката зграда во Барселона и највисоката црква во светот. Свеченоста по повод завршувањето на кулата, највисоката од 18-те што ги замислил Гауди, треба да се одржи на стогодишнината од неговата смрт, на 10 јуни.


Завршувањето на изградбата на црквата се очекува за околу десет години, до кога треба да биде довршена и впечатливата фасада свртена кон југ.


Саграда Фамилија е главна туристичка атракција во Барселона, со околу пет милиони посетители годишно и годишен приход од приближно 150 милиони евра, од кои досега околу половина се потрошени за изградбата.