[ВИДЕО] „Ајде Југословени“: Снимка од Истанбул стана хит на мрежите, Балканците се присетија на добрите стари денови

Точка

20/02/2026

11:34

864

Големина на фонт

а а а

Минатиот викенд Истанбул изгледал како накратко да се вратил во 80-тите и 90-тите години. Имено во еден од тамошните клубови се одржала „Југо Најт“ – вечер посветена на музиката и носталгијата за поранешна Југославија, што привлекло стотици млади – и оние со потекло од Балканот но и Турци кои ја обожуваат балканската музика.

Според достапните снимки и објави, атмосферата била толку интензивна што многумина присутни ја опишале вечерта како „патување во минатото“ и „најдобра забава во Истанбул после долго време“.

Настанот собрал млади турски граѓани со потекло од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија кои живеат во Истанбул. Водител на настанот бил водителот и актер Јусуф Емин, додека диџеј сетот го водел Мелих Коча.


Музиката била мешавина од најголемите екс-ју хитови – од Синан Сакиќ и Аца Лукас до Дино Мерлин, а според снимките публиката наглас ја пеела секоја песна.

Балканска заедница

Истанбул има голема балканска заедница, а балканската музика е исклучително популарна. Клубовите често организираат „Балкански ноќи“ (Balkan nights), но оваа тематска вечер посветена исклучиво на екс-Ју носталгијата предизвикала посебно воодушевување.

На социјалните мрежи се појави и видео насловено како „Екс-Југо забава“ (Ex-Yugo Party), во кое авторот напишал како „Истанбул за една ноќ изгледал како враќање во Југославија“, а можете да го погледнете подолу.


Ваквите настани не се невообичаени во европските метрополи, од Берлин до Виена, но фактот дека „Југо Најт“ се одржа во Истанбул, град со повеќе од 15 милиони жители и силна балканска дијаспора, покажува колку екс-Ју музиката и понатаму е жива и привлечна.

Организаторите најавија дека вакви вечери би можеле да се одржуваат и почесто, со оглед на интересот и реакциите на публиката.