Интер настрада на гостувањето во Норвешка и претрпе пораз од сензационалниот Боде/Глимт, па сега на реваншот во Милано наредната седмица ќе мора да брка победа со повеќе од два голови разлика.
Лидерот во италијанската Серија А се прикажа во доста лошо светло и не успеа да се адаптира на теренот од вештачка трева, но според Киву, далеку полоша вест од конечните 3:1 е онаа поврзана за капитенот Лаутаро Мартинез.
Аргентинецот беше повлече од игра по еден час игра, а тренерот сега откри дека тоа било принудно решение поради посериозна повреда на напаѓачот.
– Лауатаро е изгубен. Кога мислам изгубен, мислам на повредата која ја заработи. За жал, ми изгледа дека е посериозна повреда. Мислам дека подолго време нема да можеме да сметаме на него, – изјави Киву по натпреварот.
– Боде ни направи многу проблеми, тие се навикнати да играат на овој терен и не успеавме да се адаптираме. Тоа не е изговор за поразот, но добро е што пресметката останува се уште отворена. Има уште еден меч за игра, ќе играме пред домашните фанови и ќе се обидеме да се пласираме во осминафиналето пред полниот „Сан Сиро“, – изјави Романецот.








