Може да има сѐ што ќе посака, но одбива: Ќерката на славните родители открила дека работи 4 работи за да го издржува своето дете

Кармин

18/02/2026

11:24

634

Големина на фонт

а а а

Румер Вилис признала дека е свесна за привилегиите кои ги има, а дека не добива пари од своите родители туку сама се бори за својата двегодишна ќеркичка.

Често за децата на славните родители се мисли дека живеат без никакви грижи за финансиите и егзистенцијалните проблеми на кои мислат „обичните“ луѓе. Поради финансиската помош на своите родители, често ги нарекуваат разгалени, обвинувајќи ги дека живеат на слава на познатите родители.


Сепак, се чини дека има исклучоци, а Румер Вилис е еден од нив. Најстарата ќерка на Брус Вилис и Деми Мур вели дека како самохрана мајка на двегодишната Лоет, сама финансиски го издржува семејството.

Таа на социјалната мрежа Инстаграм се соочила со обвиненија дека ужива во привилегиите на своите родители, но тоа одлучно го демантирала.

„Работам четири различни работи за да ја издржувам својата ќерка. Не сум зависна ниту земам пари од своите родители“, напишала Румер додавајќи дека тоа го прави заради својата ќеркичка која ја добила со поранешниот партнер Дерек Ричард Томасон која ја одгледува сама, без никаква помош.


Румер во оваа прилика објаснила дека е свесна за своите привилегии, но дека не ги користи како сигурна мрежа.

„Горда сум што сама се издржувам себе и својата ќерка и навистина искусив финансиски стрес и одговорност. Имаше години кога сама издржував повеќе луѓе, балансирајќи ја бременоста, непредвидливите обврски и несигурноста во животот“, рекла таа.


Румер исто така признала дека ѝ е јасно дека има предност во животот, но дека тоа не ја намалува нејзината гордост за самостојно издржување.

„Истовремено постојат две вистини – можеме да бидеме емпатични кон другите, но сепак искрени во својот живот, без натпревар во сето тоа“, им порачала на своите следбеници на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk