На прв поглед изгледа како класична трка на егзотични суперавтомобили: на стартната линија се „Ferrari F8“, „Ford GT“, „Porsche Taycan“, „Dodge Challenger SRT Hellcat“ и „Aston Martin DBS Superleggera“.
Моторите „ржат“, автомобилите стартуваат силовито, а камерата го следи дуелот на скапоцените машини.
Сепак, набргу станува јасно дека возилото од кое се снима трката не заостанува – напротив, почнува да им бега на конкурентите. Потоа следува откривањето: камерата е монтирана на електричниот „GMC Hummer EV“.
Овој пикап, тежок повеќе од 4.000 килограми, со дополнителна опрема за снимање, во најмоќната верзија развива до 1.160 коњски сили.
Иако при поголеми брзини и на тркачка патека полесните и поаеродинамични модели би имале предност, „Hummer EV“ покажува дека силата и вртежниот момент на електричниот погон можат да донесат изненадувања.
Дополнително, за разлика од ниските спортски автомобили, овој модел може да совлада и сериозен терен.








