„Во шеесеттите години сум и токму сега го имам најдобриот секс во животот. Тоа е толку лудо. Не треба да престанете со сексот кога ќе остарите“, вели фитнес инфлуенсерката и тренерка Боби Паркер Хол (67).
„Повеќето жени водат љубов само неколку пати месечно, што за повеќето мажи не е доволно. Со давање и примање задоволство можеме да се поврземе на највисоко ниво“, вели оваа официјално пензионирана жена од Орегон.

Оваа мајка на две деца вели дека токму во сексот се крие и тајната на нејзиниот младешки изглед, додавајќи дека некои луѓе мислат дека има околу дваесет години.

Таа открива дека со сопругот понекогаш знаат да поминат и цел ден во кревет.

„Откријте му ги на партнерот своите фантазии. Разговарајте отворено и кажете си еден на друг што особено ви се допаѓа“, порачува Боби.

На социјалните мрежи ја следат повеќе од 100.000 луѓе, со кои секојдневно споделува фитнес совети.









