Вака се слави дерби победа: Димитриевски ги засени немилите сцени по крајот на мечот во Валенсија

Дерби

16/02/2026

12:25

620

Големина на фонт

а а а

Валенсија влезе во дерби пресметката со Леванте со три последователни порази во низа, па беше јасно дека избраниците на Карлос Корберан мораат значително да го подигнат нивото за да спречат уште еден неуспех во круцијален дел од сезоната.

Дербито на „Сиутат де Валенсија“ донесе дополнителен притисок за Столе Димитриевски и соиграчите поради фактот што паднаа во опасната зона на табелата по изненадувачката победа на Рајо над Атлетико, но тоа на крајот испадна како мотив плус за победа, која беше осигурана во вториот дел.

Димитриевски го сочува својот гол во првото полувреме со една одлична одбрана која беше издвоена од Ла Лига, но задолжени за голови во вториот дел беа Рамазани и Садик.

По крајот на дербито, имаше и немили сцени и големи турканици на теренот поради фактот што Ерај Чомерт од Валенсија славеше провокативно со корнер знаменцето во своите раце (на истото го закачи и дресот на Валенсија), но откако се смирија страстите, Валенсија како клуб ја долови и прославата на Столе како една од најпримерните на дербито.

– Лилјакот Столе, – гласи објавата на Валенсија.