Од максимални 100 поени, оваа здрава ужина доби дурила 97. Кога ќе погледнете што има во само 100 грама, тоа не е толку изненадувачки!
Платформата „Добра храна“ на BBC спровела интересно истражување за здрава храна што се користи секојдневно низ целиот свет и рангирала 1.000 сирови храни според нивната хранлива вредност и здравствени придобивки.
Така, ѓумбирот, кој сигурно спаѓа во суперздравата храна, е само на 98-мо место, со оцена од 48, додека свинската маст е на 8-мо место и има оцена од 73.

Бадемите се најдоа на првото место, со оцена од 97, а „BBC Good Food“ наведува дека овие јаткасти плодови се богати со мононезаситени масни киселини, па затоа се корисни за кардиоваскуларното здравје и можат да им помогнат на луѓето што живеат со дијабетес.
Бројни студии покажале дека бадемите се полни со разни хранливи материи, и тоа во значителни количини.
Составот на бадемите зборува многу за нивната хранлива вредност
Сто грама бадеми содржат:
✔️ 578 калории
✔️ 50 г масти
✔️ 19,74 г јаглехидрати
✔️ 21,26 г протеини
✔️ 11,8 г влакна
✔️ 248 мг калциум (19% од препорачаниот дневен внес)
✔️ 4,3 мг железо (24% од препорачаниот дневен внес)
✔️ 728 мг калиум (15% од препорачаниот дневен внес)
✔️ 268 мг магнезиум (64-68% од препорачаниот дневен внес за мажи и 84-86% за жени)

Зошто да јадете бадеми?
Поради толку богатиот нутритивен профил, бадемите се препорачуваат за секој што сака да:
✔️ Изгуби тежина и да ги намали ненадејните напади на глад и потребата за грицкање;
✔️ Да го намали ризикот од срцеви заболувања;
✔️ Да го регулира нивото на шеќер во крвта;
✔️ Да го подобри здравјето на мозокот;
✔️ Да ја подобри функцијата на цревата...

Колку бадеми да се јадат дневно?
Се препорачува околу една шака бадеми дневно, што е приближно 20-30 грама за општо здравје. Оваа количина обезбедува здрави масти, протеини и влакна, го зајакнува срцето и го стабилизира шеќерот во крвта, но претерувањето може да предизвика надуеност, гасови или дијареја. Потопувањето навечер може да го олесни варењето на бадемите, а многу е важно да не се претерува бидејќи се екстремно богати со калории.









