Исклучително ретката и недостижна црвена лисица од Сиера Невада неодамна за прв пат била забележана во јужниот дел од планинскиот венец Сиера Невада во Калифорнија.
Биолози од Калифорнискиот оддел за рибарство и див свет (CDFW) ја фатиле во близина на Мамот Лејкс во јануари, ѝ ставиле ГПС ѓердан, а потоа ја пуштиле назад во дивината, пишува Њујорк пост.
„Кулминација на 10-годишно истражување“
Ова е прв пат научниците во областа да успеат да фатат и обележат еден од најретките домородни калифорниски месојади. Следењето на нејзините движења ќе им помогне подобро да го разберат овој редок вид и што ѝ е потребно за да преживее.
„Ова е кулминација на 10-годишно истражување на подрачјето на движење на лисиците во јужна Сиера Невада со користење на фото-стапици и анализа на измет, како и три години интензивни напори за фаќање“, изјавила Џулија Лосон, научничка од „CDFW“.
„Сите во тимот беа воодушевени што нашите напори се исплатија. Сакаме да го искористиме она што го научивме од оваа единка со ѓердан за да работиме на долгорочно закрепнување на популацијата“, додала таа.
Строго заштитен вид
Црвените лисици од Сиера Невада во Калифорнија се заштитени како загрозен вид, а на федерално ниво имаат уште построга заштита според федералниот Закон за загрозени видови. Процените велат дека има помалку од 50 единки во цела Сиера Невада.

Оваа популација е изолирана од популацијата во Каскадните планини. Во 2018 година, биолозите поставиле ГПС ѓердани на неколку црвени лисици на подрачјето на Ласен Пик во Северна Калифорнија па добиле сличен увид во нивните движења и навики таму.








