Цената на здравјето: Органската храна недостижна за мнозинството Македонци

Денар

11/02/2026

21:26

603

Големина на фонт

а а а

Органската храна во Македонија одамна престана да биде прашање на вкус или животен стил. Таа стана прашање на пари. За многумина, едноставно недостижни.

Полиците во маркетите се полни со ознаки „органско“, „био“, „еко“, но зад тие етикети стојат цени што за просечно македонско семејство звучат речиси навредливо.

Еден килограм органско овошје често чини двојно, па и тројно повеќе од конвенционалното. Истото важи и за зеленчукот, млечните производи, житарките. И тука не станува збор за луксузна роба, туку за основна храна.


Во земја каде што значаен дел од домаќинствата живеат од плата до плата, изборот помеѓу „почиста“ храна и полн фрижидер најчесто воопшто не е избор.

Аналитичарите предупредуваат дека органската храна кај нас е позиционирана како ниш производ, наменет за тесен круг купувачи со повисоки приходи, а не како реална алтернатива за пошироката јавност. Според нив, проблемот не е само во крајната цена, туку во целиот синџир. Од производството, преку сертификацијата, па сè до дистрибуцијата.


Експертите за аграрна политика посочуваат дека домашното органско производство е ограничено и недоволно поддржано.

Малите земјоделци кои би сакале да преминат на органско производство се соочуваат со скапи и комплицирани процедури, долг период на конверзија и несигурен пласман.

Додека тие ги бројат трошоците, увозната органска храна веќе доминира на пазарот, со цени што дополнително растат поради транспортот и маржите. И така, органското станува уште поскапо, уште подалечно.

„Имаме парадокс“, велат познавачите на пазарот. Македонија е земја со традиција во земјоделството, со чисти региони и мали производители кои реално би можеле да понудат квалитетна органска храна.


Но системот не е наместен така. Наместо органското да биде достапно, тоа се претвора во маркетинг приказна. Убаво спакувана, уште поубаво наплатена. А купувачот… купува колку што може, или воопшто не купува.

Од друга страна, потрошувачите се сè посвесни. Сакаат да јадат поздраво, да избегнат пестициди, да знаат што ставаат на маса.

Но кога органските јајца чинат колку половина дневница, а органското месо е луксуз што се купува „за празник“, свесноста брзо удира во реалноста.

Остатокот од текстот прочитајте го на следниот ЛИНК.