[ВИДЕО] Детали за страшната сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, тешко повреден е 25-годишник

A1ON.MK

11/02/2026

11:04

3.313

Големина на фонт

а а а

МВР објави детали за тешката сообраќајна незгода што се случи доцна синоќа на влезот во Скопје, кај Хиподром, во која се судрија патничко и товарно возило.

Несреќата се случила на 10 февруари 2026 година околу 23 часот на автопатот Скопје–Куманово, пред клучката за обиколницата на главниот град. Според полицијата, во судирот учествувале патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В. (25) од село Бујковци, скопско, и товарно возило „Мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (56) од село Брест, штипско.

По судирот, двете возила се запалиле и целосно изгореле. Возачот на БМВ се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.