Германскиот „Билд“ тврди дека 70-годишниот милијардер и поранешен извршен директор на компанијата „Гугл“, Ерик Шмит има љубовна афера со 27 годишната манекенка и ќерка на баварскиот премиер, Глорија Софи Буркхард.
Глорија, која живее и работи на својот докторат во Њујорк наводно била видена со Шмит на Светскиот економски форум во Давос.
„Која е жената која се појави покрај милијардерот Ерик Шмит и сега го привлекува вниманието на цела Америка“, пишува „Билд“.
Извор близок до поранешниот извршен директор на „Гугл“ изјавил за „Њујорк пост“ дека Глорија навистина била дел од придружбата на Шмит во Давос, но дека „тоа е само пријателство, а не врска“.
Ќерка на Маркус Зедер
„Глорија Софи, која е ќерка на баварскиот премиер Маркус Зедер му е повеќе од пријателка на поранешниот извршен директор на Гугл“, тврди Билд, додавајќи дека таа има „импресивна заднина како економистка, манекенка и авторка“.

Германските медиуми пишуваат дека Глорија го поминува своето време на релација помеѓу Њујорк, Лос Анџелес и Германија, откако ги завршила студиите по бизнис администрација и економија, а потоа се стекнала и со магистерска диплома по бизнис администрација.
Што се однесува на нејзината манекенска кариера, Глорија се појавила во магазинот „Vogue“ во Турција, а во декември 2022 година открила во статија за „Teen Vogue“ дека доживеала сексуално вознемирување, силување и сексуална принуда во својот личен и професионален живот.
„Супервизор непристојно ја допирал“
Како што напишала тогаш, „нејзиниот супервизор непристојно ја допирал“ додека работела како 18 годишна приправничка. Како што рекла тој ги ставал рацете на нејзините рамена и половина кога се среќававле во лифтот или во кујната.

Шмит, кој поднел оставка на местото извршен директор на „Гугл“ во 2011 година повеќе од четири децении е во брак со Венди Шмит, а неговото богатство се проценува на 54,6 милијарди долари.

Меѓутоа тој го опишал својот брак како „отворен“ и имал неколку афери, вклучувајќи долгогодишна врска со бизнисменката Мишел Ритер која завршила со низа тужби кои таа ги поднела против него наведувајќи злоупотреба и финансиска неправилност.













