[ВИДЕО] Ги шокираше сите на „Стемфорд Бриџ“: Палмер промаши чист зицер за победа на Челси во 94. минута

Дерби

11/02/2026

07:35

669

Големина на фонт

а а а

Челси не успеа да ги освои трите посакувани бода во соочувањето со Лидс Јунајтед, меч на кој водеше со 2-0 и потоа дозволи противникот да се врати за шест минути (67 до 73) и дојде до 2-2 за голем бод во битката за опстанок во Премиер лигата.

Ова дефинитивно е кикс на „сините“ кој можеше да биде избегнат, а на крајот трагичар беше Кол Палмер кој во судиското продолжение не реализираше чист зицер.

Каиседо и Мало Густо со фантастична соработка се изборија за одлична позиција, топката беше испратена до Палмер кој промаши празен гол од два метра. Сите на стадионот останаа без зборови, навивачи, тренерот Росениор, па и Кол не можеше да поверува што не реализираше.