Уапсени 11 возачи поради возење со забрана, без возачка дозвола или под дејство на алкохол

Макфакс

10/02/2026

13:15

185

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 11 возачи, од кои еден во Штип и еден во Демир Капија поради управување возило под дејство на алкохол, двајца во Битола затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола и седум возачи (двајца во Велес и по еден во Тетово, Куманово, Свети Николе, Битола и Ресен) затоа што управувале возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија.

Возачот во Демир Капија претходно се заканувал на неговата сопруга и со тврд предмет го нападнал неговиот татко. Лицата се приведени во полициска станица, а по насоки на јавен обвинител возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, велат од МВР.