Утрово на автопатот во Италија што ги поврзува Лече и Бриндизи се случил драматичен вооружен напад врз возило за транспорт на пари. Инцидентот се случил во близина на местото Тутурано, а според првичните информации, имало и пукање, пишува „Раи њуз“.
Истрагата е во тек: Уапсени осомничени, се трага по останатите
Во брза операција на полицијата во Лече, уапсени се две лица за кои се сомнева дека се членови на банда. Тие биле лоцирани во северната област Саленто, каде што органите на редот веднаш започнале потрага. Истрагата е во полн ек, бидејќи се бараат и други членови на групата.
Според најновите сознанија, напаѓачите разнеле дури две, а не само едно возило за транспорт на пари, како што првично се верувало, пренесе „Раи њуз“. Нападнатото возило ѝ припаѓа на компанијата „BTV Battistolli“, а крадците за да го запрат го попречиле другото возило на патот и го запалиле. На местото на настанот веднаш пристигнале пожарникари и полицајци.

Целосен прекин на сообраќајот
По нападот, државниот автопат Бриндизи – Лече е привремено затворен за сообраќај во двата правци. Ккако што соопшти компанијата „Анас“, задолжена за одржување на патиштата, прекинот важи на делницата од 8,3 до 12,3 километри, во областа Сан Пјетро Вертоника.

Екипите на „Анас“ и полицијата се на терен, го регулираат сообраќајот и работат на што побрзо воспоставување на нормални услови, пишува во соопштението.












