Двегодишно дете додека играло во близина на семејната куќа во Битола, било нападнато од кучиња скитници, а поради сериозноста на повредите пренесено е итно во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Спроед полицискиот билтен, инцидентот се одиграл во петокот а во СВР Битола бил пријавен од доктор од Клиничка болница Битола кој утврдил тешки телесно повредени кај двегодишно дете,
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.








