[ВИДЕО] - Историски удар на полицијата: над 27 тони марихуана паднаа во Македонија. Се споменува името на брат на поранешен премиер

Точка

07/02/2026

12:58

1.143

Големина на фонт

а а а

По дводневна обемна акција на МВР и Обвинителството за гонење организиран криминал, од локација во струмичко утрово беа изнесени околу 18 тони марихуана. Во операцијата учествуваа повеќе типови возила — комбиња, камиони, патнички автомобили и за првпат шлепер, што според истражителите укажува на сериозна логистика и добро организирана мрежа.

Ова следува по претходната заплена од околу девет тони во кругот на поранешниот ОХИС во Скопје, поврзана со компанија регистрирана за производство на медицински канабис. Со последната акција, вкупната количина достигна над 27 тони — најголема конфискација на наркотична дрога досега во Македонија.


Истражните органи засега не откриваат осомничени ниту конкретни кривични дела, но неофицијално се проверува дали производството било над дозволените законски граници. Акцијата се доведува и во врска со неодамнешната заплена од пет тони марихуана во Србија, за која таму беше соопштено дека потекнува од Македонија и била наменета за нивниот пазар.

[Плус Инфо утрово објави дека братот на поранешниот премиер Зоран Заев, Вице Заев е близок со сопственикот на една од компаниите поврзани со овој случај]

Од институциите најавуваат дека повеќе детали — вклучувајќи број на осомничени и квалификација на делата — ќе бидат соопштени по целосно завршување на истрагата.