Малку поинаков оброк што ќе им се допадне на многумина: За ручек подгответе палачинки полнети со мелено месо

Точка

06/02/2026

17:10

198

Големина на фонт

а а а

Доколку барате едноставен и вкусен оброк што ќе ја воодушеви целата фамилија, овие запечени палачинки полнети со мелено месо се совршен избор.

Сочното мелено месо во ароматичен сос, покриено со стопен кашкавал, го прави овој оброк вистинско уживање за целото семејство.

Полнетите палачинки се идеални за ручек или вечера, а лесно можете да ги подготвите и однапред и да ги запечете непосредно пред сервирање.

Потребни состојки:

- 2 главици кромид
- 800 гр. мешано мелено месо
- 1 лажица пасиран домат
- 250 мл. вода
- 1 зеленчукова коцка за супа
- 200 гр. рендана гауда
- 1 лажица оригано
- сол и бибер по вкус


Подготовка:

Кромидот ситно исечкајте го и динстајте го на малку масло додека не стане стаклест. Додадете го меленото месо и пржете додека не добие кафеава боја. Готовото месо тргнете го на страна.

На малку масло динстајте кромид и оригано додека кромидот не омекне. Потоа додадете го пасираниот домат и добро промешајте. Додадете вода и зеленчукова коцка.

Гответе на тивок оган околу 10 минути. Сосот поделете го на два еднакви дела: во едниот дел измешајте го динстаното месо и додадете сол и бибер, а другиот дел од сосот оставете го на страна.

Палачинките испечете ги малку подебели од вообичаено и наполнете ги со подготвената смеса од мелено месо. Наредете ги во тава за печење и прелијте ги со преостанатиот сос. Одозгора посипете со рендана гауда.

Запечете ги палачинките во претходно загреана рерна на 200°C околу 20 минути. Пред сервирање, по желба, можете дополнително да ги украсите со зачини.

Со само неколку чекори ќе добиете сочни и ароматични палачинки што се топат во уста. Идеални се за семејството, пријателите или за посебни пригоди кога сакате брзо да подготвите вкусен оброк.