Контроверзната Албанка сè уште е во потрага по момче: „Имам тројца кандидати“

Точка

05/02/2026

21:45

674

Големина на фонт

а а а

Пејачката со албанско потекло, Бебе Реџа, уште минатата година „кренала прашина“ на социјалните мрежи кога побарала од обожавателите помош околу изборот на партнер и идниот татко на нејзиното дете.

За време на доделувањето на Греми наградите, кое традиционално се одржува во Лос Анџелес, Бебе Реџа повторно го привлекла вниманието. Имено во снимката што ја објавил фотографот Кевин Вонг, пејачката открила каков е нејзиниот емотивен статус во моментов.


„Сама сум, но имам тројца на списокот“, рекла кратко.

Изгледа дека контроверзната Американка сепак успеала да го најде тоа што ѝ одговара, а да потсетиме – нејзините критериуми на социјалните мрежи предизвикаа лавина коментари.


Најпрво, нејзиниот партнер мора да биде висок најмалку 173 сантиметри, финансиски стабилен, морален, интелигентен и амбициозен.