Од срцето на Балканот директно пред модната икона: Шерон Стоун во модно парче со потпис на балканската убавица, а цената е вртоглава

Кармин

05/02/2026

14:22

441

Големина на фонт

а а а

Не е тајна дека креаторките од Србија, Хрватска, Црна Гора и нашата земја се многу ценети во светот, а не е реткост нивните парчиња да ги носат некои од најпознатите, најубавите и најбогатите жени во светот.

Кога станува збор за модата, границите често се бришат и не е важно чиј пасош имате, туку какви парчиња креирате – дали се безвременски, тренди или посебни и скроени токму по вкус и мерка на славните личности.

Така, неодамна легендарната Шерон Стоун облекла сако со потпис на хрватската дизајнерка Изабел Ковачиќ, која е сопруга на фудбалерот Матео Ковачиќ. Таа со години вредно гради кариера како модна дизајнерка, а брендовите што стојат зад неа се добро познати меѓу љубителките на модата.


Изабел создала два бренда – „Lunilou“, кој е наменет за мајки и бебиња, и „Izakova“, основан во 2023 година, кој се фокусира на одржлива висока мода, создавајќи безвременски парчиња што ги спојуваат луксузот и етичкото производство.


Токму за едно парче од овој бренд се одлучила Шерон Стоун, а тој нејзин потег не поминал незабележано. Таа го носела сакото од колекцијата „Herbarium“ за есен/зима 2025 во ексклузивно интервју за американската „Extra TV“.

Ова парче, изработено од волна, има нагласени раменици, го дефинира струкот и ја истакнува женственоста. Неговата цена изнесувала 1.400 евра, а фактот дека одамна е распродадено само покажува дека парчињата што зрачат со безвременост и што не познаваат години, им одолеваат на трендовите и можат да се носат секогаш – се нешто што нема конкуренција и секогаш си го наоѓа своето место, без разлика колку модниот пазар е презаситен.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk