Залуден трипл-дабл на Јокиќ во драмата во Њујорк, Сан Антонио повторно му зема мерка на шампионот

Дерби

05/02/2026

11:19

226

Големина на фонт

а а а

Седум натпревари се одиграа рано утрово во НБА лигата, а највозбудливо, најдраматично беше во „Медисон Скер Гарден“ каде Њујорк Никс по дури две продолженија славеше над Денвер Нагетс со 134:127.

Ова беше меч кој донесе од се по нешто, подеми, падови, повреди, дополнителни минути во кои Никси го имаа последниот збор и со тоа дојдоа до осмата победа во низа.

Брансон одигра фантастистично, реализираше 42 поени со 8 скока, 9 асистенции и 2 украдени топки, Таунс испорача дабл-дабл од 24 поени 12 скока, додека Ануноби застана на 20 поени и 8 скока.

Кај Денвер за кого ова беше трет пораз во низа залуден беше трипл-дабл ефектор на Јокиќ (30 поени, 14 скока и 10 асистенции) како и 39 кошеви кои ги постигна плејмејкерот Мари.

Сан Антонио Спарс пак оствари уште еден триумф во дуелите со шампионот Оклахома Сити Тандер во тековнава кампања, четврта победа во петтиот натпревар.

ОКЦ настапија преполовени на дуелот во Тексас, не играа доста играчи меѓу кои и главната ѕвезда Гилџес Александер, а ова беа максимално искористено од домаќините за триумф од 116:106.

Петмина кај „мамузите“ беа двоцифрени, лидер беше Џонсон со 25 поени, најголема поддршка му беше Вембањама со 22 поени и 14 скока.

Дуото Вилијамс пак за ОКЦ искомбинира 49 кошеви.

РЕЗУЛТАТИ

Њујорк – Денвер 134-127 (прод.)

Торонто – Минесота 126-128

Хјустон – Бостон 93-114

Милвоки – Њу Орлеанс 141-137 (прод.)

Сан Антонио – Оклахома 116-106

Сакраменто – Мемфис 125-129

ЛА Клиперс – Кливленд 91-124