[ВИДЕО] Ветровите дувале, температурите паднале на екстремни -35 степени, а тој... Погледнете што направил овој Полјак!

Точка

03/02/2026

19:40

624

Големина на фонт

а а а

Кога температурите паѓаат длабоко под нулата, а силните ветрови ги камшикуваат планинските падини, повеќето луѓе бараат засолниште и топла облека. Но, 27-годишниот Матеуш Карбови од Полска одлучил да оди по сосема поинаков пат.

Тој се искачил на планината Снежка, висока околу 1.603 метри, носејќи само шорц, планинарски чизми и волнена капа, пркосејќи им на екстремните зимски услови.

Тој ден, кога налетите на ветер достигнувале и до 50 километри на час, а температурата се спуштила до околу –35 степени Целзиусови, Карбови неуморно напредувал кон врвот, изложувајќи го своето тело на студ кој за повеќето планинари би бил причина веднаш да се откажат.


Искачување среде ледена бура што го подели интернетот

Глетката на човек покриен со снег кој упорно продолжува нагоре остави многумина без зборови, додека други го оценија неговиот потфат како опасен и непромислен. Снимките од искачувањето, објавени на социјалните мрежи, брзо станаа вирални и собраа над 10,5 милиони прегледи, како и стотици илјади реакции ширум светот.

Додека едни ја истакнуваат неговата ментална сила и храброст, други предупредуваат на сериозните ризици од вакви подвизи без соодветна опрема. Планинските служби и спасувачите често нагласуваат дека екстремните услови можат да доведат до хипотермија, лизгање и тешки повреди, особено ако нешто тргне наопаку.

Менталната издржливост – клучот на успехот


Самиот Матеуш Карбови вели дека физичката подготвеност не е доволна – вистинската битка се води во умот. Во првите минути изложеност на студениот ветер и ниските температури, телото инстинктивно се обидува да ја задржи топлината, додека умот се соочува со паника и непријатност.

Токму тогаш настапува момент на целосна концентрација, кога секоја мисла, секое движење и секој здив стануваат свесни. Организмот преминува во режим на преживување, а менталната дисциплина и контролата на реакциите му овозможуваат да продолжи понатаму.

Карбови дури изведува и дополнителни предизвици, како трчање по снег или стоење на раце, со што постојано ги тестира границите на човечката издржливост – и отвора дебата: дали станува збор за лудост или за исклучителна храброст?