[ВИДЕО] 17 милиони прегледи: Мајка го заспивала синот, тој ненамерно ѝ го скршил носот

Кармин

04/02/2026

13:30

718

Големина на фонт

а а а

Обидот на една мајка да го заспие својот син се претворил во вистински хаос откако тој ненамерно ѝ го скршил носот, а снимката од тој момент брзо се проширила на социјалните мрежи.

Кајлин, корисничка на ТикТок, објавила видео кое досега е прегледано повеќе од 17 милиони пати. На снимката, која е забележана со Нест камера, се гледа момче како стои во низок кревет додека неговата мајка лежи покрај него. Во моментот кога се обидела да го положи за да заспие, момчето нагло ја навалилo главата наназад и силно ја удрило право во нос.


Подоцна Кајлин објаснила дека носот навистина ѝ е скршен. „Нема многу модринки, но носот дефинитивно е искривен“, рекла таа и додала дека планира да побара второ мислење и да закаже оперативен зафат. Зборувајќи за синот, објаснила дека тој сè уште е мал и дека понекогаш има испади, но дека му е жал за тоа што се случило.

Реакции од корисниците

Корисниците на ТикТок брзо се вклучиле во дискусијата, а многумина споделиле слични искуства.

„Отсега ќе спие сам во креветчето, па нека плаче додека заспие. Нема повеќе галење“, се пошегувал еден корисник. Друг додал: „Таа детска фаза навистина е најтешка.“


Една корисничка, која работела во градинка, напишала дека не е добро да им се дозволи на децата да лежат премногу блиску едно до друго токму поради вакви ситуации. Истакнала дека децата сè уште немаат развиено чувство за туѓиот простор и безбедност и дека секогаш е добро да се остави малку растојание. На крај ѝ посакала на мајката брзо закрепнување.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk