Зграпчи ја фреквенцијата на љубовта на Урбан ФМ

Точка

03/02/2026

14:59

221

Големина на фонт

а а а

Радиото кое веќе со години е синоним за урбана музика, позитивна енергија и современ радио израз – Урбан ФМ влегува во месецот на љубовта февруари со поразлична програмска енергија и содржини што ја ставаат емоцијата во прв план.

Под слоганот „Зграпчи ја фреквенцијата на љубовта!“, радиото на фреквенција од 90.8 MHz ќе биде простор каде љубовта се слуша, се раскажува и се споделува – искрено, урбано и без филтри.

Во текот на емисиите, слушателите ќе можат да уживаат во разновидни интерактивни сегменти – интересни квизови, разговори со гости и приказни што потсетуваат дека љубовта има илјада облици. Љубовни анегдоти, лични искуства, мали и големи признанија – сето тоа ќе биде дел од програмата, креирајќи атмосфера во која емоциите природно излегуваат на површина.

Посебен акцент ќе биде ставен на вклучувањето на публиката. Урбан ФМ ги охрабрува слушателите да ја споделат својата љубовна приказна, да искажат емоција, да кажат „те сакам“ или едноставно да посветат момент на некој што им значи. Преку повици, пораки и директна комуникација, 90.8 станува фреквенција каде љубовта добива глас и простор да биде слушната.


Во овој љубовен радиски амбиент, неизбежно е присуството на најголемата и најдолготрајна љубов на Урбан ФМ – македонската музика. Домашните изведувачи и песни ќе бидат срцето на програмата, како потсетник дека љубовта кон локалната сцена, автентичниот звук и урбаната култура е темелот врз кој радиото постои и расте.

Со оваа програмска насока, Урбан ФМ уште еднаш ја потврдува својата улога како медиум што не само што пушта музика, туку создава приказни, гради заедница и ги поврзува луѓето преку емоција. Љубовта можеби нема точна формула, но во овој период таа има своја фреквенција – 90.8.

Зграпчи ја фреквенцијата на љубовта.

Затоа што некои чувства најубаво се слушаат – на Урбан ФМ.