Тајната на долгиот живот во чинија: Баба (82) открива рецепт за супа која ја јаде со години, експертите согласни, тоа е еликсир на здравјето

Кармин

03/02/2026

16:00

495

Големина на фонт

а а а

Со оглед на тоа што деновите се сѐ постудени, веројатно сакате да јадете топла супа.

Во неодамнешна вирална објава на Инстаграм, 82-годишната баба Лаини Кејтс, споделила рецепт за својата омилена супа во кој се колне како тајна за својата виталност.

За „оптимална благосостојба“, оваа витална баба редовно подготвува големи количини од оваа супа која ја консумира за ручек и вечера.


Што се наоѓа во „супата на долговечноста“?

Станува збор за семејна верзија од супата минестроне, италијански класик со база на домат, преполна со зеленчук, грав и тестенини. Верзијата која оваа баба ја споделила вклучува богат спектар на зеленчук: лук, целер, морков, тиквичка и зелени мешунки.

Оваа баба во супата става и ситни тестенини и конзерва со грав. Токму таа последна состојка е клучна.

„Гравот е клуч на долговечноста, навистина е“, тврди оваа 82-годишна жена.

Како растителен извор на протеини и влакна, гравот и мешунките навистина се намирници богати со хранливи работи кога редовно се консумираат, можат да помогнат во намалување на ризикот од срцеви болести.

И експертите за долговечност јадат исто

Ден Батнер, експерт за долговечност и истражувач на „сините зони“ (подрачја каде луѓето живеат најдолго), споделил дека и тој ја јаде оваа супа секој ден.

Причина? Преполна е со растителни влакна кои се клучни за здравјето на цревата, а состојките се евтини и достапни – од конзервиран грав до смрзнат зеленчук.


Тој дури и го започнува денот со оваа супа. Иако супата за појадок звучи необично, сепак топлиот и хидратен оброк наутро може значајно да го подобри системот за варење.

Опишана како „заситна и вкусна“ оваа супа е едноставен начин во својата исхрана да внесете повеќе зеленчук и растителни влакна, па можеби и како оваа баба, ќе си обезбедите долг и витален живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk