Девојката која без сомнеж плени каде и да се појави, како со својот глас така и со својот изглед – Александра Јанева, сподели радосни вести со своите пријатели и фанови.
Преку искрена и емотивна порака на социјалните мрежи, пејачката Александра Јанева откри дека се подготвува за најважната улога во животот – мајка.
Фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи едноставно оставаат без здив, раѓање на нов живот отсликан преку природните убавини на Козјак – Јанева позира со својот сопруг Иван, а среќата им се гледа во нивните очи.
„Создавајќи албум кој го слави женскиот дух, сила и љубов, не знаев дека универзумот ме слуша и подготвува за најважната премиера во нашиот живот. Те чекаме малечка“, напиша Александра под објавените фотографии, а под нив доби многубројни честитки од пријателите.

Пејачката очигледно влегува во една од најнежните и најзначајни фази од животот – родителството.
Тимот на „Точка“ им честита и посакува долг заеднички живот со многу љубов и незаборавни моменти!










