Во последниве денови светската јавност ја потресуваат новообјавени документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, кои ги објавило Министерството за правда на САД.
Овие документи предизвикаа силни реакции и згрозување, бидејќи сугерираат дека бројни познати и влијателни личности од политиката, забавната индустрија и спортот, како и членови на европски кралски семејства, биле во контакт со Џефри Епстин и го посетувале неговиот остров, каде што, според наводите, меѓу другото биле злоупотребувани и малолетни лица.
Во дел од документите се спомнува и раперот Џеј-Зи, за кого се наведува дека наводно присуствувал на сексуална злоупотреба на една девојка, извршена од филмскиот продуцент Харви Вајнстин, кој е повеќекратно осудуван за сексуални напади.

По објавувањето на овие информации, сопругата на раперот, светската музичка ѕвезда Бијонсе, изгубила околу 10 милиони следбеници на Инстаграм, додека Џеј-Зи останал без приближно 100.000 следбеници. Исто така, голем број познати личности и моќни брендови престанале да го следат раперот на оваа социјална мрежа, како и Ријана и Ким Кардашијан.
Џеј-Зи и понатаму има околу милион следбеници, а меѓу оние кои останале се Бијонсе, Линдзи Лохан, Диди, Иванка Трамп и Крис Џенер. Во документите се тврди дека во 1996 година една жена наводно била киднапирана од својот дом, по што се разбудила во вилата на Епстин на Флорида, во присуство на Вајнстин и Џеј Зи. Според наводите во документите, жртвата била изложена на сексуално злоупотребување за време на неколку инциденти на имотот на Епстин, но овие обвинувања досега не се потврдени.

„Подоцна се разбуди во присуство на Харви Вајнстин и Шон Картер (Џеј Зи), додека Вајнстин ги вметнуваше прстите во (цензурирано)“, се наведува во еден од документите. Истата жена им кажала на истражителите дека наводно била злоупотребена за време на забава во 2007 година, на која присуствувале Вајнстин и раперот Пуша Ти.
Таа изјавила дека во тој период немала постојано место на живеење и дека престојувала во различни хотели. Таа исто така тврдела дека била киднапирана вкупно седум пати и дека секој пат се будела во луксузни објекти.
Ниту Џеј-Зи, ниту Харви Вајнстин, ниту Пуша Т не се обвинети во рамки на случајот на Епстин. Вајнстин моментално е во затвор со посебна пресуда за сексуален напад.
Во меѓувреме, беа објавени и документи во кои беше спомената и Бијонсе, но во сосема друг контекст. Во нив се наведува дека таа настапила на настанот на Формула 1, што е попатно спомнато во извештај на еден учесник. Засега, нејзиното име не се поврзува со какви било обвиненија.









