Тежок удар за Германецот: Џирона може експресно да го врати Тер Штеген во Барселона после неполни две недели!

Дерби

03/02/2026

08:02

814

Големина на фонт

а а а

Марк Андре Тер Штеген дебитираше на најдобар можен начин за Џирона и со клучна интервенција спречи пораз на натпреварот со Хетафе, но веќе на вториот меч во новиот клуб, искусниот голман претрпе нов тежок проблем.

После историјата со низа повреди во последната етапа во Барселона, најмалку нешто што му требаше на Тер Штеген е нова повреда, а медиумите од Шпанија информираат дека истата не е наивна.

Иако го доигра мечот со Овиедо на кој Џирона загуби со 1:0, Тер Штеген тоа го направи со очигледни проблеми, а првите претпоставки се дека станува збор за посериозна повреда на задната ложа.

Угледни шпански медиуми информираат дека Тер Штеген ќе биде во аут најмалку два месеци поради лошите први впечатоци од воведните прегледи, но не се исклучува како опција и операција доколку проблемот е од најтежок можен карактер.

Ова дефинитивно е голем удар за Тер Штеген, но и за Џирона како клуб, кој според последните информации, ќе ја разгледа и опцијата за враќање на голманот доколку испадне дека Марк нема да може да брани со месеци.

Тер Штеген потпиша за Џирона пред неполни две недели, а за жал веќе сега се разгледуваат сценарија за прекин на заемот меѓу каталонските клубови.