[ФОТО/ВИДЕО] „Како да не е од оваа планета“: Неверојатните стомачни мускули на актерката и драматичниот фустан без долна облека

Кармин

02/02/2026

14:39

1.169

Големина на фонт

а а а

Спектакуларното, 68-мо по ред доделување на Греми наградите се одржа во Лос Анџелес, а бројни ѕвезди прошетаа по црвениот килим и го збогатија овој настан со своите модни изданија.

Една од најзабележителните личности беше американската пејачка и актерка Тејана Тејлор.


Иако не освоила награда, нејзиниот драматичен стајлинг бил еден од најзабележителните таа вечер, а носела многу предизвикувачки и смел фустан во кој ја покажала неверојатната атлетска градба.



Бронзениот, светкав фустан со многу асиметричен крој имал спектакуларни изрези, ѝ ги открил совршените стомачни мускули на актерката, како и јасно дефинираните мускули на грбот и тетоважите, па малку нешта ѝ оставила на имагинацијата.

Со оваа предизвикувачка креација носела потпетици со висока платформи во иста боја, а впечатлив детаљ бил и златниот ѓердан што ѝ паѓал по градите. Сепак, целото внимание го украл фустанот и нејзината неверојатна линија, со што се согласиле и нејзините обожаватели – „изгледа како суперхерој, а не живо суштество“.



„Какво тело… Боже“, „Можеме ли да ѝ ја украдеме рутината за вежбање, затоа што ова…“, „Телото на Тејана Тејлор е лудо!“, коментирале дел од обожавателите, додека други се прашувале како фустанот воопшто стоел на неа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk