[ФОТО] Долче и Габана комплет од 2.495 долари, кој зрачи со моќ: Луксузниот стајлинг на Меланија Трамп пристигна директно од учебниците по мода

Точка

30/01/2026

17:39

601

Големина на фонт

а а а

Првата дама на САД блеснала на официјалната премиера на нејзиниот документарен филм во Вашингтон, а за таа пригода избрала проверена формула – строга елеганција со потпис на италијанското дуо.

Само една година по враќањето во Белата куќа, Меланија Трамп повторно е во центарот на вниманието, но овој пат причината не е политиката, туку филмот. Премиерата на документарецот „Меланија“ (Melania), филм продуциран од Амазон МГМ кој ги следи деновите пред инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп во јануари 2025 година, се одржала на црвениот тепих на Центарот Трамп Кенеди во Вашингтон.

Иако филмот ветува „невиден пристап“ до животот на една од најтаинствените први дами во историјата, сите очи биле вперени во нејзиното модно издание. Верна на својот препознатлив стил, 55-годишната Меланија се одлучила за моќна, целосно црна комбинација која зрачи со авторитет и елеганција.


Црна елеганција со италијански потпис

За оваа посебна вечер, Меланија избрала црн костум тесен во половината од модната куќа „Долче и Габана“. Костумот го сочинувале здолниште со средна должина и палто со строга јака и долги ракави, со сјајни црни копчиња, а силуетата била дополнително нагласена со тенок кожен ремен што ја нагласувал половината. Стајлингот го комплетирала со високи црни салонки од Кристијан Лубутен, додека косата, како и обично, ѝ била стилизирана во благи, раскошни бранови.

Инаку, софистицираниот фустан-палто чини 2.495 долари.


Меланија со години соработува со стилистот Ерве Пјер, кој е заслужен за нејзините впечатлив изданија, а неодамна открил дека Меланија претпочита „остри линии“ и структурирани кроеви.

„Таа ги сака скроените костуми и острите линии. Нема да почне да носи карнери и цветни дезени само затоа што започнува ново поглавје“, објаснил Пјер.

Стилистот додал дека нејзиниот стил еволуирал, но во суштината останал доследен.

„Нејзиниот стил се потпира на силни кроеви, елегантен изглед и совршена изработка без вишок детали. Секогаш беше сигурна во своите избори – јас само ѝ помагам.“

Самата Меланија нагласила во претходните интервјуа дека модата не ѝ претставува предизвик.

„Самата се стилизирам и избирам што да носам врз основа на тоа во што се чувствувам добро. Секогаш го носам она што ми се допаѓа и што е соодветно за пригодата“, изјавила првата дама на Америка.