[ФОТО] Славниот пејач на 58 години го очекува своето осмо дете: Тој и неговата 31 година помлада сопруга на прекрасен начин ја споделија убавата вест

Кармин

29/01/2026

13:33

1.244

Големина на фонт

а а а

Пејачот Марк Ентони и неговата 31 година помлада сопруга, манекенката Надија Фереира имаат прекрасни вести.

Тие неодамна ја прославиja третата годишнина од бракот, а на социјалната мрежа Инстаграм си ја честитаа годишнината еден на друг на најубав можен начин.


„Среќна трета годишнина од бракот. Каков прекрасен подарок нѝ подари животот. Бог е голем, Маркито ќе стане постар брат“ напишаа во објавата.

Имено, познатиот пар преку фотографија од трудничкиoт стомак на Надиjа – кој го милуваат рацете на пејачот, Надија и нивното прво дете – откри дека нивното семејство ќе стане побогато за уште еден член.

Ова ќе биде второ дете за 26-годишната Надија, а осмо за 57-годишниот пејач.


Потсетуваме, Марк и Надија се венчаа во 2023 година, а свадбата ја организираа во музејот „Pérez Art“ во Мајами.

Кум на свадбата им беше Дејвид Бекам, а меѓу гостите се најдоа и Салма Хајек, градоначалникот на Мајами Френсис Суарез, Ромео Сантос, Луис Фонси и многу други.


Добитникот на „Греми“ веќе има две возрасни деца со поранешната девојка Деби Росадо и две возрасни деца од бракот со поранешната Мис Универзум, Дајанара Торес.

Исто така, има близнаци од бракот со пејачката и актерка Џенифер Лопез.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk