Спалети му одговори на Конте за наводната провокација на сметка на Наполи

Дерби

28/01/2026

11:01

137

Големина на фонт

а а а

Лучијано Спалети и Јувентус денеска ќе го комплетираат настапот во првата фаза на Лигата на шампионите со гостување кај Монако, а искусниот тренер на вчерашната прес-конференција најавил дека планира ротации во тимот поради набиениот распоред кој им е наметнат на клубовите.

Новинарите не пропуштиле да побараат реакција на Спалети и за изјавата на неговиот колега Антонио Конте, кој се чини без причина упати остри зборови на сметка на тренерот на Јувентус.

Нецели два дена по поразот во Торино, Конте добил сугестија од новинар дека Спалети во изјава рекол „поранешен шампион“ за Наполи, по што тренерот на актуелниот шампион побарал од својот колега да биде повнимателен и да покаже повеќе почит со изјавите.

Спалети не сакал да зборува на оваа тема и им потенцирал на новинарите дека е дојден за Лигата на шампионите, но испратил индиректен одговор преку својот Инстаграм профил. Тренерот на „бјанконерите“ објавил видео од своја изјава дадена истиот ден во која зборува за актуелниот шампион Наполи.

– Можам да кажам дека вечерва научивме многу, бидејќи се соочивме со најдобриот тим меѓу останатите, бевме домаќини на италијанскиот шампион, – рекол Спалети во дел од својата изјава дадена по победата во дербито.