Данска легенда за спорната одлука во корист на Шведска: Судиите итно да ја посетат најблиската оптика

Дерби

28/01/2026

12:30

206

Големина на фонт

а а а

Шведска вчера одигра нерешено во дуелот со Унгарија, но ракометната јавност е шокирана од фактот што германските судии не досудија пенал за Унгарците на крајот на натпреварот.

Сита беше задржан од Ване додека шведскиот репрезентативец се наоѓаше во зоната од шест метри, но иако решија да ја прегледаат сниката, Роберт Шулце и Тобијас Тонис не ја променија одлуката и го официјализираа ремито.

Критики за Германците стигнуваат од сите страни, а поранешниот дански репрезентативец, Каспед Хвидт не го криел разочарувањето од епилогот.

– Кристално јасно е дека одбранбениот играч е зад линијата, сите го видовме тоа. Судиите под итно треба да го посетат „Луис Нилсон“ (најпознатиот ланец продавници за оптика во Данска), – рекол Хвидт.

– За мене е чист пенал, судиите постапија правилно што го прегледаа видеото, но за мене е неверојатно е дека проценија дека немало прекршок. Судат во Бундеслигата, важат за една од најдобрите судиски двојки и навистина не ја разбирам одлуката, – рекол Клаус Мелер Јакобсен.