Андреј Јакимовски и неговите соиграчи покажуваат дека поседуваат потенцијал да се надигруваат со најдобрите екипи во Европкупот, а денеска на домашен терен го победија тимот со најдобар учинок во ова натперварување.
До вечерва Бешикташ беше првопласиран тим на табелата, но по сигурниот пораз кој го претрпе во Тренто, турскиот великан падна на третата позиција со скор 11-5.
Од друга страна, Тренто ја искористи победата од 87:74 да го поправи својот учинок и да се искачи на третото место на табелата, а важна улога во таквата намера одигра македонскиот репрезентативец.
Јакимовски беше едиствен играч со „дабл-дабл“ учинок на паркетот, па слободно може да се каже дека беше највлијателен кошаркар во двата правци.
Андреј го заврши мечот со 15 поени и 10 скокови зад своето име, а поефикасни во Тренто беа само Стјуарт со 19 и Јогела со 17 поени.








